Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот Приштина – Белград

Од:

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска преку „Твитер“ и одговори на српската премиерка Ана Брнабиќ, која рече дека приштинските такси го оневозможиле дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Харадинај потенцира дека дијалогот бил блокиран поради територијалните претензии на Србија, а не таксите.

„Косово е суверена држава, меѓународно призната, со постоечки граници. Што побрзо тоа го прифатат Србија и Брнабиќ, тоа подобро за нив“, оцени косовскиот премиер.

Српската премиерка во интервју за Танјуг денеска рече дека таксите воведени од Приштина создале атмосфера во која не е можен никаков дијалог.

– Штом бидат укинати таксите и ние ќе бидеме подготвени за продолжување на дијалогот, рече Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати