Харадинај: Србија е непријател на Косово

Од:

Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај во денешното интервју за косовската телевизија РТК, изјави дека Србија е непријател на Косово.

Харадинај остро изреагира на прашањето дали ја гледа Србија како партнер на Косово.

– Најверојатно се шегувате. Погрешно е да го прашате идниот премиер дали Србија е партнер. Србија не е партнер, партнер ми е Албанија. Брат и сестра прво ми се Албанците, тие кои ме сакаат. Хрватска ми е партнер, партнери ми се Австрија, Германија. Србија е непријател, посочи Харадинај.

Тој додаде дека ако Србија продолжи да не го признава Косово и Косово нема да ја признава Србија.

Харадинај наведе и дека е многу поспособен од новоизбраниот претседател на Србија, Александар Вучиќ бидејќи лично учествувал во создавање на косовската држава, додека Вучиќ ја наследил државата, создадена пред 200 години.

Харадинај е кандидат за премиер на коалицијата составена од Демократската партија на Косово, Алијанса за иднината на Косово, Инцијатива за Косово и 10 помали партии.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари