Харадинај смета дека Меркел ги познава потребите на Косово

Од:

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај оцени дека германското претседателство со Советот на ЕУ, што почнува денеска, е добра вест за косовските граѓани.

„Германија постојано го поддржува Косово во насока на независност и градење на државата, така што претседателството на сојузниците на ЕУ, како Германија, е добра вест за граѓаните на Косово“, напиша Харадунај на својата страница на Фејсбук.

Тој додаде дека канцеларката Меркел ги разбира потребите на Косово, пренесува Косово онлајн.

Харадинај рече дека не се сомнева дека за време на германското претседателство со ЕУ, „новата енергија“ ќе го доврши процесот за визна либерализација и ќе ги подобри процесите за евроинтеграција.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски