Харадинај од вечерва премиер на Косово

Од:

Харадинај во изјавата после пресудата која ка пренесе неговиот адвокат Бен Емерсон, рече дека вечерва се враќа во Косово и ќе ја преземе функцијата премиер.

„Време е за помирување. Ќе ги гарантирам правата на сите малцинства и ќе им обезбедам целосно учество на Србите во политичкиот живот на Косово“, се наведува во изјавата на Рамус Харадинај.

„Пред се, Харадинај ќе продолжи со задачите кои овој лошо проценета кривична постапка ги прекина, ќе ја предводи земјата кон следната фаза на нејзиниот долг пат кон целосна независност и суверенитет“, рече Емерсон.

„Без најмала дилема е докажано дека Харадинај е воен херој, а не воен злосторник. Време се сите непријатели на слободно Косово да ја прифатат пресудата на историјата. Оваа пресуда, еднаш засекогаш треба да ги замолчи високите претставници на власта во Белград кои досега објавуваа лаги за овој процес, дури и во деновите пред пресудата“, рече адвокатот на Харадинај.

Косовскиот премиер Хашим Тачи ја поздрави одлуката на Хачкиот суд и рече дека таа одлука е најјакиот доказ дека „борбата на ОВК била исправна и дека нејзините припадници не извршиле злосторства и дека неправедно се обвинети“.

Би можело да ве интересира

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски