Харадинај: Косово има војска според моделот на НАТО

Од:

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, по повод стапувањето на нови 337 војници во Безбедносните сили на Косово (ФСК), изјави дека „Косово ја има најмладата војска според моделот на НАТО, посветена на безбедноста во земјата и стабилноста во регионот“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Припадниците на ФСК, според Харадинај, се подготвени да учествуваат во мировни операции каде било во светот, каде што ќе побараат од неа стратешките партнери на Косово.

– Денеска во редовите на мирот на Војската на Косово влегоа 337 нови војници, по успешното завршување на основната обука во Командата за доктрина и обука. Косово ја има најмладата војска според моделот на НАТО, посветена на безбедноста во земјата и стабилноста во регионот и спремна да учествува во мировни операции каде било во светот, кога и да побараат нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави и структурите на Северноатлантскиот пакт. Војниците на Косово секогаш чесно во служба на мирот, за безбедна сегашност и иднина, напиша Харадинај на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството