Харадинај: Косово e подготвено да ѝ помогне на Турција со оперативни единици на ФСК

Од:

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај вели дека Косово е подготвено да ѝ помогне на Турција во регионите погодени од силниот земјотрес со хуманитарна помош и со абгажирање на оперративните единици на своите Безбедносни сили (ФСК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на својата страница на Фејсбук, каде што изрази сочувство за загинатите и повредените во земјотресот, Харадинај порача дека во оваа трагедија Косово стои покрај Турција.

– Со вознемиреност ја примив веста за земјотресот во градот Елазиг во Турција. Го изразувам нашето најискрено сочувство до турската држава, граѓаните и семејствата на жртвите и им посакувам брзо оздравување на повредените во овој трагичен настан. Моите мисли и молитви се со сите граѓани таму. Косовските институции се подготвени за потребната хуманитарна помош, вклучително и оперативните единици на ФСК. Во оваа трагедија Косово стои покрај пријателската држава Турција, напиша Харадинај.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он