Харадинај: ЕУ го забавува решавањето на косовско – српскиот спор со именувањето на Лајчак за посредник

Од:

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај, ја критикува денешната одлука на Европската унија да го именува поранешниот министер за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак за посредник во преговорите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Храдинај преку својата страница на Твитер порача дека, со оваа одлука, Брисел го забавува процесот на преговори меѓу Приштина и Белград, во време на „водечката улога на САД“ во процесот.

– Советот на ЕУ денеска соопшти дека го именува Лајчак за специјален претставник на ЕУ во дијалогот Косово – Србија. Во фаза на големото финале и водечката улога на САД, ЕУ го забавува процесот, напиша Харадинај.

Претседателот на Косово Хашим Тачи исто така во неколку наврати се спротивстави на именувањето на Лајчак за посредник во преговорите меѓу Приштина и Белград, нагласувјаќи дека тој, во времето кога беше шеф на дипломатијата на Словакија, силно се противеше на признавањето на косовската независност од страна на неговта земја и активно лобираше против зачленувањето на Косово во меѓународните организации, меѓу кои и во УНИЦЕФ.

Словакија e е една од петте држави членки на ЕУ, заедно со Шпанија, Грција, Романија и Кипар, кои не ја признаваат независноста на Косово.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Службата за надворешни работи на ЕУ денеска соопшти дека Мирослав Лајчак е официјално назначен за специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, како и за Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари