Хан следната недела во Белград на разговори за реформите и за ситуацијата во регионот

Од:

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на 25 и 26 јули ќе го посети Белград, каде со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ ќе разговараат за реформските процеси во Србија и за регионални прашања.

-Комесарот Хан во Белград ќе се состане со претседателот и премиерката на Србија, со кои ќе разговара околу реформите кои ги спроведува Србија на патот кон ЕУ, како и за регионалните прашања, изјави портпаролот на ЕУ за Танјуг.

Во Европската комисија додавааат дека комесарот Јоханес Хан во Белград ќе допатува директно од Скопје, каде ќе се состане со претставници на властите и опозицијата.

Минатиот месец, по повод отворањето на ново поглавје во преговорите за пристапување, Хан ја повика Србија да го забрза процесот на реформи и со поголема решителност да работи на владеењето на правото, фундаменталните права и демократското управување.

Комесарот Хан, кој веќе се вклучи во деблокирањето на дијалогот Белград-Приштина, најави дека во јули ќе се обиде повторно да ги мотивира лидерите на двете страни да се вратат на преговарачка маса.

-Тоа не е лесна задача и потребна е политичка храброст да се работи на компромисот. Треба да знаеме кои се позитивните последици, а позитивните последици може да бидат европската перспектива, изјави Хан.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати