Хан: Планот на Берлин за Западен Балкан не е замена за членство, туку посветеност

Од:

Планот на Берлин за Западен Балкан, агендата „Берлин плус“, не е замена за членство во Европската унија, туку само показател за силната посветеност на земјите членки, а особено на Германија, за понатамошните инвестиции и ангажмани во регионот, изјави денеска еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан.

Хан, по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласи дека е благодарен на секоја идеја што може да им помогне на земјите од Западен Балкан, додавајќи дека би бил уште поблагодарен кога тоа не би било само идеја, туку кога би биле употребени одредени финансиски средства.

– Мило ми е што слушам за постоењето на такви идеи и се радувам на новите прилики со кои тоа може да се финансира. Важно е да се насочат инвестициите во вистинскиот правец, со цел тие да не се рашират во различни насоки, наведе Хан.

Еврокомесарот потенцираше дека е важно планот на Берлин да покрене нови инвестиции.

– Важно е таквата инвестиција да го активира и покрене интересот на германските и другите компании да дојдат во Србија. Мислам дека тоа би било уште поважно доколку тие инвеститори би дошле, а не само да обезбедиме пари, заклучи Хан.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија