Хакирана електронската пошта на грчкото МНР

Од:

Министерството за надворешни работи на Грција синоќа соопшти дека хакери влегле во интерниот систем за електронска пошта на Министерството и оти во тек е истрага со цел да се утврди степенот на штетата.

„Групата активисти ’Анонимни’ на интернет објави дека извршила успешен упад во директориумот за електронска пошта на Министерството.

Во тек е истрага за условите и степенот на упадот, кој е извршен главно во материјали кои вообичаено се разменуваат преку електронска пошта, вклучувајќи и многу соопштенија“, се вели во соопштението од грчкото МНР.

Во исто време, на социјалните мрежи беа објавени информации дека се работи за „големо протекување информации“ кое вклучува околу 3.700 документи, меѓу кои и доверлив материјал од Министерството за надворешни работи и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Дел од наводно хакираниот материјал бил објавен и на интернет страницата за споделување на датотеки „Имгур“.

Меѓу објавените документи имало медиумски критики за грчкото МНР од Романија и Албанија, извештај за безбедност на грчката разузнавачка служба, документ на Советот на ЕУ за односите со Косово и извештај на Советот на Европа за перење пари во Албанија.

Хакерската група „Анонимни“ и претходно има нападнато други интернет страници на грчки државни служби, во знак на протест против мерките за штедење кои ЕУ и ММФ и ги наметнуваат на земјата веќе четврта година.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски