Хакери од Иран објавија податоци за 105 илјади осомничени Албанци

Од:

Групата хакери финансирана од Иран за кибер-напади врз Албанија, продолжува да објавува чувствителни податоци добиени од погодените системи.

Групата „Татковинска правда“ денеска објави податоци од полицискиот систем МЕМЕКС во кој се наоѓа списокот на лица осомничени дека се вмешани во криминални активности.

Во досиејата што ги објави се имињата на 105 илјади Албанци кои имаат проблеми со правдата, додека на крајот на секоја страница од секој документ пишува „осомничени Албанци“.

МЕМЕКС е познат и к ако систем за управување со криминални информации и е главната алатка во работата на државната полиција. МЕМЕКС води тајна евиденција за секој криминалец.

Претходно ирански хакери објавија неколку видеа и фотографии од полицискиот систем на камери во Тирана, Пешкопеја, меѓународниот аеродром како и од граничните премини.

Објавените видеа беа придружени со пораката: „Кога безбедноста на терористите во Драч (МЕК) е поважна од безбедноста на вашиот народ“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски