Хафтар на средби со Дендиас и Мицотакис во Атина

Од:

Под огромни безбедносни мерки, под строга тајност, без да биде официјално најавена посета, доцна синоќа во Атина пристигна лидерот на Либиската национална армија, генералот Калифа Хафтар, а денеска ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, како и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

По пристигнувањето во грчката престолнина, синоќа, во хотелот каде што престојува, одржа приватна средба со шефот на грчката дипломатија.

– Пред малку во Атина го пречекав лидерот на Либиската национална армија, генералот Калифа Хафтар, напиша Дендиас на социјалните мрежи и објави фотографија од средбата.

Според неофицијални информации, утрово Хафтар и Дендиас ќе одржат средба во грчкото МНР, а како што брифираат грчки владини извори во 13 часот по локално време, либискиот генерал ќе се сретне со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис во грчкиот Парламент.

Лидерот на Либиската национална армија во Атина пристигнува во пресрет на конференцијата во Берлин в недела каде што ќе се разговара за ситуацијата во Либија, а на која Грција не е поканета да учествува.

Би можело да ве интересира

На 12 март 2020 во античка Олимпија ќе биде запален олимпискиот оган

А1он

Вонреден состанок на грчката Влада за коронавирусот

А1он

Либискиот лидер Ал-Сараџ го нарече генералот Хафтар воен злосторник

А1он

Локалното население од грчките острови со блокади ќе ја спречува изградбата на затворените центри

Ана Ололовска

Луиџи ди Мајо: Мора да се запре војната во Либија, во спротивно нова мигратска криза во Европа

Ана Ололовска

Ердоган: Во Либија има сириски милитанти