Гутереш во јули ќе присуствува на комеморацијата за 25-годишнината од масакрот во Сребреница

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави во Њујорк дека во јули ќе присиствува на комеморацијата во Сребреница, кога ќе се одбележува 25-годишнината од злосторството.

– Да, ќе одам. Мислам дека е значајно да се отиде и да се покаже потребата Сребреница никогаш повеќе да не се повтори. Со загриженост ги гледаме случувањата во БиХ и мислиме дека мораме да тргнеме во правец на помирување и да се бориме против говорот на омраза, рече Гутереш одговарајќи на прашање на прес конференција во ОН, на која зборуваше за плановите за 2020 година.

Генералниот секретар на ОН наведе и дека неговата екипа веќе е во контакт со властите во БиХ во врска со органзиацијата на настанот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он