Гуцати и Харадинај осудени на 4,5 годи затвор поради попречување на судски процес и заплашување сведоци

Од:

Судот за злосторства на борците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг денеска ги осуди Хисни Гуцати (Хисни) и Насим Харадинај на четири и пол години затвор и парична казна од по 100 евра за попречување на судскиот процес и заплашување сведоци.

Гуцати (54), претседател на Здружението на борците на ОВК и Харадинај (58), потпретседател на здружението, судот ги прогласи за виновни по пет од шест точки: „злосторства против правдата – попречување на службените должности (две точки), како и за „заплашување на сведоци и кршење на тајноста (две точки)“.

Судскиот совет утврди дека обвинителите не ја докажале вината на обвинетите за одмазда против сведоци. Според судијата претседавач Чарлс Смит, Гуцати и Харадинај биле осудени затоа што биле „на повеќе од 20 настапи во медиумите“ на прес-конференции на Здружението на борци на ОВК во Приштина од 7 до 25 септември 2020 година објавиле доверливи документи на судот и обвинителството за злосторствата на борците на ОВК, вклучувајќи ги и идентитетите на потенцијалните сведоци.

Судот, чие официјално име е Специјализиран совет на Косово, утврди „во име на народот на Косово“ дека Гуцати и Харадинај имале „директна намера“ да го опструираат судот и да малтретираат и заплашуваат сведоци и „ги откриле имињата и личните податоци на стотици сведоци“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он