Грк уапсен со над 33 килограми канабис што го презел на македонската граница

Од:

За внесување и трговија со канабис на територијата на Грција е уапсен грчки државјанин, кој на мотор превезувал 33 килограми и 523 грама канабис, што ги презел на граничен премин со Северна Македонија.

Како што соопштија од грчката полиција, уапсениот бил забележан во поширокиот регион на Идомени, а канабисот бил спакуван во 31 пакување.

– Од истрагата на полицајците произлезе дека дрогата претходно ја примил од граничниот премин кај Килкис, со цел понатамошна трговија во внатрешноста на земјата, соопштуваат од грчката полиција.

При претрес на домот на уапсениот, кој според медиумите во Грција, е државен службеник вработен во општина, биле откриени и запленети воздушен пиштол, 12.000 евра и 12 кутии анаболични супстанции.

Бил запленет и моторот, за кој било констатирано дека е со украдени регистарски таблички.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит