Гренел: Обама и Бајден осум години ги игнорираа Белград и Приштина

Од:

Специјалниот пратеник на Белата куќа за дијалог меѓу Белград-Приштина, Ричард Гренел рече дека договорот за нормализација на економските односи е постигнат во Вашингтон затоа што двете страни изјавиле дека е време да се разгледа нивната ситуација.

Според Гренел, тимот на поранешниот американски претседател Барак Обама заедно со потпретседателот Џо Бајден го игнорирале ова прашање цели осум години.

„Тој договор беше реализиран само затоа што Србите и Косоварите рекоа дека овој моментот е за нив, бидејќи тимот Обама-Бајден ги игнорираше осум години, тие кажаа, ова е момент да ја разгледаме ситуацијата и да ни помогнете“, рече Гренел.

Гренел објасни дека мировната кампања за двете балкански земји резултирала со меѓународен договор кој ќе има големо економско значење за регионот и дека за спогодбата најголем придонес има дадено американскиот претседател Трамп.

„Преговараме за некои работи меѓу Косово и Србија, а традиционалистите кои се експерти за Балкан од Стејт департментот, рекоа дека треба да се разговара за политички прашања. Ова го правиме 21 година и ништо не се случи. Трамп рече: „Обидете се да разговарате за економска нормализација, за да видите дали ќе има напредок. Ајде да разговараме за железницата, економскиот развој, создавањето работни места“, додаде Гренел.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати