Гренел: Албанците ми рекоа дека ќе гласаат за Трамп

Од:

Специјалниот претставник на Белата куќа за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, објави на „Инстаграм“ дека разговарал со деловни и верски лидери на албанската заедница во Детроит и дека тие му рекле дека на претседателските избори ќе гласаат за Доналд Трамп .

„Уште четири години“, напиша Гренел на „Инстаграм“ со хаштагот МАГА, што е кратенка за слоганот „Да ја направиме Америка повторно голема“, која стана популарна за време на претседателската кампања на Трамп во 2016 година.

Вчера, во видео порака пренесена од „РТК“, Гренел ги повика Албанците од Косово кои живеат во Америка да го реизборат Трамп за претседател на САД.

Тој ги потсети Албанците од Косово дека Трамп напорно работеше на мирот на Балканот и на нормализацијата на економските односи меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно преку Твитер: Јас сум победник, победата на Бајден не е легална!

А1он

До јануари нема мнозинство во Сенатот на САД

А1он

Трамп се врати во Белата куќа

А1он

Која е Камала Харис – првата жена, потпретседателка во историјата на САД

А1он

Меркел му ја честиташе победата на Бајден

А1он

Али Хамнеи: Изборите во САД се претстава

А1он