Грците очекуваат новата Влада да им влее повеќе оптимизам за подобра иднина

Од:

Подобра иднина, помалку даноци и кратења, а подобрување на личната финансиска состојба, очекуваат Грците од новата Влада, која партија и да победи на денешните предвремени парламентарни избори.

Дописничката на МИА од Атина посети неколку гласачки места и поразговара со Грците кои го остварија правото на глас. Дел од нив се убедени дека Од утре, Кирјакос Мицотакис, лидерот на Нова демократија ќе биде новиот премиер на Грција, друг дел резервирано, не сакаат да прогнозираат,но и едните и другите велат дека новата грчка влада, треба да и донесе безбедност и економски развој на земјата.

-Поминавме речиси 10 години на криза, мислам дека е време да земјата да се врати во нормала. Кој и да победи денес, ќе треба да се бори за подобра иднина и да не направи нас граѓаните поголеми оптимисти, вели студентот Костас за МИА откако го оствари правото на глас.

-Очекуваме промени кон подобро. Имаме три мали деца, сакаме оптимизам и посветла иднина, ако не за нас барем за нашите деца, вели Василики која заедно со нејзиниот сопруг гласаа во училиште во Атина.

-Немам големи очекувања. Лично мислам дека ќе продолжи со мерки за штедење. Не верувам дека ќе има ненакви драстични промени за средната класа. Мислам дека ќе продолжи со истата политика како и до сега, кој и да победи денес, коментира 40-годишниот Јанис.

-Новата Влада треба да ги подобри работите во целост. Да почне од безбедноста во Атина, а потоа да ги среди внатрешните проблеми, но и оние од надворешната политика, особено односите со Турција, вели еден возрасен Грк во разговор со дописничката на МИА од Атина.

-Прво, мислам дека сите треба да излезат на гласање. Секој глас е важен. Што очекувам од новата Влада? Она што го очекувам после секои избори, нешто подобро за народот, вели Константина која нејзиното право на глас го оствари во придружба на нејзиниот малолетен син, кој воедно беше подготвен за на море со оглед на тоа дека по гласањето, како што рекоа за МИА ќе посетат некоја од атинските плажи.

Високите температури во комбинација со фактот дека прв пат се одржуваат парламентарни избори во јули, предизвикуваа загриженост во Грција дека можеби денес ќе има мала излезност, иако и лидерот на Нова демократија и лидерот на СИРИЗА ги повикаа граѓаните, прво масовно да излезат да гласа, а потоа да заминат на плажа.

Од седум часот утрово по локално време отворени се гласачките места низ цела Грција на кои речиси 10 милиони Грци гласаат на предвремените парламентарни избори.

Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот по локално време, а традиционално веднаш по затворањето медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое е и надлежно за пребројувањето на гласовите, се очекува да бидат соопштени околу 21 часот по локално време.

За парламентарните избори, Грција е поделена во 59 изборни единици, во кои што се одбираат 288 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент. Останатите 12 се на листа која важи за целата земја.

Вкупно 20 партии учествуваат во трката, а една партија за да влезе во грчкиот Парламент потребно е да добие минимум 3% од гласовите. Во зависност од тоа колку мали партии ќе обезбедат место, така и се распределува бројот на пратеници. Односно, помалку партии повеќе пратенички места за победникот и обратно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Максим Димитриевски во Ѓорче Петров: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Орце Костов

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Орце Костов

Митрески: Повисоки пензии, енергетски пакети и зимски регрес, пензионерите заслужуваат подобар стандард

Орце Костов

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност