Грција загрижена да не остане во мрак, по продажбата на албанските ХЕЦ на Турците

Од:

По продажбата на четирите албански ХЕЦ на турската компанија „Курум интерншнл“ грчките медиумите преплавени со написи за загриженоста на Грција да не остане во мрак, поради фактот што трафостаницата кај ХЕЦ „Бистрица1“ е директно поврзна со Грција, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Грчките медиуми преполни се со критики поради преминување во рацете на Турците на значајни геостратешки и геполитички објекти во Северен Епир (вака Грците го нарекуваат југот на Албанија) посебно на ХЕЦ „Бистрица“, зашто од неа се врши дистирбуција на струја Албанија-Грција и се електирфицира еден голем дел од Грција, коментираат албанските медиуми.

Според грчките медиуми постои опасност во ова време на криза, Турција да ја прекине енергијата и цели региони во Грција да останат во мрак.

– Доколку оваа продажба се искомбинира и со продажбата на други објекти од страна на турски компании, јасно е дека Грција е под невиден економски напад од Турција, која до максимум ја ползува грчката економска криза, констатирале грчките медиуми.

Инаку Турската компанија „Курум интерншнл“ стана сопственик на четири ХЕЦ во Албанија, за цена од 109,5 милиони евра. Оваа компанија ги купи ХЕЦ „Бистрица 1“, “Бистрица 2“ „ Улза“ и „Шкопет“, кои се со вкупна инсталирана моќност од 80 мегавати и со вкупно просечно годишно произвидство од 400-450 милиони киловат часови електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов