Грција: За Владата, нов целосен карантин не е опција

Од:

„Се наоѓаме во клучна фаза во справувањето со пандемијата, Грција има подобра епидемиолошка слика од многу други земји, бројот на новите случаи иако е висок, сепак се стабилизиран,“ објасни портпарлот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за ситуацијата со коронавирусот во земјата и истакна дека општ карантин, како мерка не е меѓу опциите кои се разгледуваат , јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнително, Пецас соопшти дека попладнево, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе упати видео порака до граѓаните, ќе објасни каква е во овој момент ситуацијата, што треба да се стори, но во никој случај нема да говори за карантини или пак за некоја дополнителна мерка.

Тој објасни дека мерките што се воведуваат треба да се едноставни, лесни за спроведување и контролирање за да потои доверба кај граѓаните, а одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина истакна дека рестриктивните мерки на локално ниво се дел од владиниот арсенал, но општ карантин не е на маса, не го споменуваат ниту експертите, ниту го ововедуваат други земји со многу поголем број случаи.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Земјотрес во Грција