Грција вознемирена по рекордните 21.657 нови случаи на коронавирус регистрирани вчера

Од:

Брзиот пораст на новорегистрираните случаи на коронавирус ја вознемири грчката Влада и здравствените експерти откако вчера беше забележан рапиден раст на нови случаи со регистрирани 21.657 новозаразени. Грчките медиуми известуваат дека има значително зголемување на инфекциите кај младите луѓе, а голема улога одиграло и враќањето на Грците од странство поради празниците.

Вчерашната бројка на новозаразени е првата петцифрена бројка на нови коронавирусни инфекции во 24 – часовни податоци.

Претходниот рекорд бил поставен само еден ден претходно, со 9.284 нови случаи.

Од новите инфекции, 9.882 биле пријавени во Атика и 2.665 во Солун.

Од почетокот на пандемијата, Грција има 1.105.885 потврдени коронавирусни случаи, со 20.557 жртви.

Премиерот Кирјакос Мицутакис за денес е најавено дека ќе претседава со состанокот за состојбата со коронавирусот по објавувањето на новиот рекорд. На состанокот ќе присуствуваат министерот за здравство Танос Плеврис и професорот Сотирис Циодрас, шеф на инфективните болести во Националната организација за јавно здравје.

Министерот Плеврис во понеделникот извести дека рестрикциите планирани да стапат на сила по новогодишните празници може да се случи да бидат поместени и да почнат да важат порано.

Дел од новите ограничувања се две заштитни маски или една од моделот „КН95“ за влез во супермаркетите и во јавниот транспорт во Грција од 3 јануари, затворање на угостителските објекти на полноќ, ограничување на посетителите на фудбалските натпревари на 10 отсто од капацитетот на стадионот, задолжителна работа од дома за приватниот сектор за оние каде што тоа е можно и посети во домовите за стари лица само со негативен ПЦР тест.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски