Грција: Тенисери обвинети за групно силување

Од:

Грчките власти денес покренаа обвиненија против петтмина мажи, меѓу кои и двајца тенисери од Франција, за групно силување на американска тенисерка во тек на еден турнир.

Американката изјавила дека имала доброволен сексуален однос со едно момче од Романија, но тврди дека потоа била групно силувана од Французи и еден Германец, пренесе агенцијата „Франс прес“.

Наводно силувањето се случило на 3-ти октомври, на прослава која што била организирана во еден хотел, во градот Маратон во близина на Атина, во кој се одржувал тенискиот турнир.

Петтмината осомничени, чии имиња не се објавени, во моментов се наоѓаат во притвор, каде што ги очекува судење. Тие ги отфрлиле наводите и изјавиле дека не се виновни за ништо.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен