Грција: Се удавија 28 мигранти

Од:

Вкупно 28 тела се извлечени од морето на брегот на Грција денеска, откако потона брод, кој превезувал мигранти. Меѓу загинатите има и едно дете, соопшти грчката крајбрежна стража.

Крајбрежната стража спасила 68 лица, а  29 успеале сами да стигнат до брегот.

Продолжува потрагата по патници од превртениот брод. Во моментов на местото на несреќата се наоѓаат спасувачки хеликоптер и брод на крајбрежната стража.

И натаму трае потрагата четирите деца и еден возрасен мигрант кои вчера исзнаа во водите во близина на островот Самос, во источниот дел на Егејско Море, но засега без некакви конкретни резултати.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција бројот на имигрантите, кои дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината е над 350 илјади луѓе. Главниот дел од нив пристигнале преку Грција – околу 218.000, следат Италија – околу 114.000, Шпанија – околу 2000 и Малта – 94 лица.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе