Грција се соочува со недостиг од учители и наставници

Од:

Грција ја почна новата учебна година со недостиг од учители и наставници, информира денеска електронското издание на весникот „Катимерини“.

Министерот за образование ја увери грчката јавност дека службената Влада е „на вистинскиот пат“ за да пополни некои од дупките.

Училиштата денеска ги отворија вратите со околу 6.500 помалку учители од нивниот оптимален број, што е над два пати повеќе во однос на минатогодишниот регистриран недостиг од 3.000 учители.

Министерството за образование од Европската унија и од државниот буџет обезбедило финансиски средства за изноѓање 19.000 наставници, кои привремено ќе  може да бидат на локални образовни позиции.

Синдикатите во образованието пред неколку дена предупредија дека десетици училишта во Грција, а особено во оддалечените региони, нема да можат вооопшто да ги отворат вратите затоа што немаат учители.

Во државните училишта во Грција учат околу 1,5 милион деца, а за нив има 137.000 учители.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит