Грција се подготвува за бурна ноќ, превентивно затворени два булевари во Атина

Од:

Забрана за сообраќај на автомобили и јавен превоз од еден часот по полноќ до осум часот наутро на два булевари во Атина, затворени државните служби, градинки и училишта во Атика, охрабрување приватниот сектор да работи од дома, се превентивните мерки што вечерва ги соопшти министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис по одржаниот вонреден состанок за ситуацијата со невремето што ја зафати земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Стилијанидис рече дека постојат „сериозни метеоролошки индикации дека ќе има влошување на опасниот временски феномен, во периодот од три до шест часот наутро особено во областа Атика“, а подоцна и на Евија, Халкидики и островите Самос и Икарија и токму затоа се преземаат конкретните мерки, за кои истакна дека се превентивни и нема простор за паника.

Основните и средните училишта, како и градинките, во текот на утрешниот ден ќе бидат затворени во областа Атика, поширокиот дел на Атина, на Халкидики, како и на островите Евија, Самос, Крф и Икарија.

Невремето „Балос“ и силниот и обилен дожд, денеска предизвикаа сериозни проблеми во Атина, поплавени училишта, булевари, факултети, прекини во снабдувањето со електрична енергија, затворени улици и сообраќаен хаос, а проблеми имаше и во други делови на Грција.

Противпожарната служба на Грција во периодот од 10 до 20.30 часот примила 1.164 повици за помош, од кои 646 во областа Атика, поширокиот дел на Атина.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја