Грција се обидува да ги убеди граѓаните дека го решава мигрантското прашање

Од:

Станува збор за сериозен општествен проблем, но продолжуваме да се обидуваме да го убедиме локалното население дека нашиот план дава плодови, вели заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас, во однос на утрешниот генерален штрајк закажан на островите во северниот дел на Егејското море за бегалскиот/ мигрантскиот проблем, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите повтори дека владиниот план се базира на четири главни оски: чување на границите, забрзување на постапката за азил, зголемување на бројот на враќања во Турција и изградба на затворени центри, а истовремено и празнење на островите и интернационализација на проблемот.

Портпаролот на грчката Влада, особено се задржа на враќањата мигранти во Турција, односно на оние кои немаат право на азил во Грција, споменувајќи дека минатата седмица почна овој процес.

-Кога министерството доаѓа до заклучок дека некои луѓе немаат право на азил, тогаш постапката ја поведува грчката полиција во договор со турскиот претставник и преку Фронтекс, тие се враќаат во Турција, согласно Заедничката декларација ЕУ- Турција. Ова ќе продолжи и во наредните денови и ќе се интензивира со поголем ритам, рече Пецас

Тој додаде дека владата, исто така сака да ги убеди жителите на засегнатите острови дека навистина ќе ги затвори постоечките отворени прифатни центри.

-Веруваме дека на крај сите ќе сфатат дека во интерес на Грција, а особено на самите жители од североисточниот дел на Егејското море, за кои и ме прашавте, и во интерес на сите е дека планот ќе оди напред, рече Пецас.

На трите грчки острови Лезбос, Самос и Хиос, кои што се најпогодени од бегалските и мигрантските бранови, за утре напладне закажан е генерален штрајк.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти