Грција: Рекорден број починати од Ковид-19 и приклучени на апарати

Од:

Со 93 починати лица од Ковид-19 за 24 часа, Грција бележи уште еден негативен рекорд за 2021 година по бројот на смртни случаи, а рекорден е и бројот на пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, вкупно 802, 21 повеќе од вчера.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција регистрирани се 4.033 нови случаи, од кои 1.812 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 554 во Солун.

Од почетокот на епидемијата, во Грција има 301.103 потврдени случаи на Ковид-19, починаа вкупно 9.054 лица.

Грција од 7 ноември 2020 година во карантин, со полициски час и задолжителни смс пораки за секое движење на граѓаните и забрането е патување меѓу градови.

Пред 20 дена се отворија фризерските салони и археолошките локалитети, минатиот понеделник се отвори малопродажбата, но под посебни услови, а од вчера учениците од повисоките класови и од средните училишта се вратија во училишните клупи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски