Грција: Просечната возраст на заразените со коронавирус во август е 36 години

Од:

Просечната возраст на оние кои во август се разболеа од коронавирусот се намали на 36 години, напиша министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на неговиот официјален „Твитер“ профил, упатувајќи порака до младите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Опасноста на коронавирусот е леснотијата со која се пренесува. Ова се случува дури и ако си млад и мислиш дека си непобедлив. Просечната возраст на оние кои се разболеа во август веќе се спушти на 36 години, напиша Кикиљас, споделувајќи ја пораката „Немој да станеш жариште на ширењето, остани на растојание и заштити ги од коронавирусот твоите сакани и ранливите групи“.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен