Грција почнува со издавање потврда за вакцинација

Од:

Од денеска во Грција започнува издавањето на дигиталната потврда, односно сертификатот за вакцинација, за сите оние кои ја примиле и втората доза од вакцината.

Сертификатот за вакцинација е достапен преку специјалниот сајт на грчката Влада за електронско издавање документи, а како што пишува во објаснувањето, потврдата има „единствен код за верификација и напреден електронски печат и може или да се испраќа по електронски пат или испечатена да се доставува до јавните служби“.

Министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека „дигиталниот сертификат е безбеден, не може да се фалсификува и има електронски печат“.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција