Грција планира до лето да вакцинира 70 проценти од населението

Од:

Целта на Владата е до јуни, во текот на летото да можеме да ја постигнеме посакуваната вакцинација на 70 отсто од населението, а со тоа да постигнеме и имунитет, рече портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис на денешниот редовен брифинг со новинарите.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи за вакцината и процесот на вакцинацијата, рече дека сè ќе зависи од дозите што пристигнуваат во земјата, а во текот на овој месец се очекува Грција да добие 424.624 дози, односно 212.312 вакцини.

-До овој момент, вакцинацијата во земјата напредува со задоволително темпо, методично, безбедно и транспарентно. До вчера беа извршени 44.620 вакцинации, односно 0,42 проценти од населението, додека пак на светско ниво, просекот е 0,31 отсто, објасни портпаролот на грчката Влада.

Во однос на претстојната туристичка сезона, очекувањата на Владата и улогата на вакцината во туризмот, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, Тарандилис рече дека во овој момент целта е да се задоволи првичниот план, односно да се постигне имунитет на населението во текот на летото.

За пандемијата во земјата, портпаролот на грчката Влада рече дека „епидемиолошката ситуација во земјата е подобрена во споредба со почетокот на декември“ и има намалување, како на активните случаи, така и на притисокот врз здравствениот систем.

Објасни дека во однос на рестриктивните мерки Владата ќе се води според препораките на надлежната Комисија на епидемиолози, која секој петок ќе одржува состаноци, ќе ги разгледува епидемиолошките податоци, а истиот ден попладне, на редовната прес конференција, заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, ќе ги соопштува одлуките за следниот период.

Христос Тарандилис по реконструкцијата минатата седмица, дојде на местото на Стелиос Пецас на позицијата портпарол на Владата, а денеска го одржа првиот брифинг со новинарите и странските дописници, што поради пандемијата и карантинот се уште е онлајн, а не со физичко присуство.

Би можело да ве интересира

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Германец примил 87 вакцини против ковид

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција

Во Грција од денеска маските не се задолжителни на отворено

Вакцинираните пред седум месеци, без бустер доза од денеска во Грција немаат сертификат

Катерина Павлова-Николовска

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус