Грција планира да изгради лебдечка ограда поради мигрантите

Од:

Владата во Грција сака да изгради лебдечка ограда за да ги спречи мигрантите да стигнат до грчките острови од блискиот турски брег.

Грчкото Министерство за одбрана ги повика приватните компании да достават понуди за лебдечка ограда долга 2,7 километри во рок од три месеци, се наведува на веб-страницата на грчката Влада.

Засега нема детали за тоа кога би била поставена оградата.

Таа треба да се издига 50 сантиметри над водата и да има трепкачки светла.

Министерството за одбрана проценува дека проектот ќе чини 500.000 евра, со вклучено четиригодишно одржување.

Во описот се наведува дека лебдечката ограда треба да биде изградена „со невоени спецификации“ и со специфични карактеристики за извршување на мисијата во управувањето со бегалската криза“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе