Грција: Петти ден по ред повеќе од 150 новозаразени

Од:

Во Грција веќе петти ден има троцифрен број нови случаи на Ковид-19, а во изминатите три дена бројот на новозаразени е над 150.

Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 152 нови случаи, од кои 22 се по тестовите направени на влезните точки во земјата, а почина уште едно лице, јавува МИА.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се 5.421 заразени лица, а починаа вкупно 211.

Според грчките медиуми, најголемиот број од денешните нови случаи се во Солун – 43, во областа Атика, поширокиот регион на Атина има 22 , а останатите се во различни делови на Грција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски