Грција организира работен појадок во Брисел ЕУ – Северна Македонија и Албанија

Од:

Работниот појадок што во понеделник го организира Грција во Брисел со шефовите на дипломатиите на земјите членки на унијата и на Северна Македонија и Албанија е корисна можност за плоден дијалог и зајакнување на европската перспектива на двете земји, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на денешниот редовен брифинг со новинарите и додаде дека до сега над 18 шефови на дипломатиите од ЕУ го потврдиле присуството, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во понеделник наутро Грција организира во Брисел неформален работен појадок на Европската унија со министерот за надворешни работи на Северна Македонија и вршителот на должност министер за надворешни работи на Албанија со порака зајакнување на поддршката на нивниот европски тек. Ќе биде корисна можност за плоден дијалог и сите присутни да разговараме и да ги изразиме позициите каде се наоѓаме. Присуството, веќе го потврдија над 18 министри за надворешни работи на унијата, рече Гениматас.

Во однос на посетата на Дендиас на Скопје и средбите со македонскиот државен врв, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, рече дека во фокусот на разговорите биле билатералните односи, европската перспектива на Северна Македонија и темите поврзани со регионот.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен