Грција утре во 6 часот ќе ги затвори границите за државјаните на Србија. Одлуката ја донеле поради големиот број позитивни случаи на туристи од Србија тестирани во Грција.
На туристите кои сега се на летување во Грција ќе им биде дозволено да останат до крај на аранжманите.
Информацијата за затворање на границата за српските медиуми ја потврди министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љаљич.