Грција не сака нова меѓународна програма, разгледува сопствен план за реформи

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави дека неговата земја не бара нова меѓународна финансиска програма за спас и најави дека претстои нов план за економски реформи.

– Грција сега може да стои исправена на сопствените нозе и сметаме дека немаме потреба од нов спасувачки план, изјави денеска Самарас по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Самарас додаде дека земјата наскоро ќе претстави „своја сопствена рамка за продолжување на реформите во наредните години надвор од програмата за спас“.

Германија има најголем придонес во спасувачките кредити за Грција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит