Грција не нуди само убавина, туку и безбедност, вели Мицотакис

Од:

Грција не поседува само природни убавини, туку нуди и безбедност во ова време на пандемија, рече  грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на годишното собрание на Здружението на грчките туристички бизниси, јавува МИА.

„Одбравме внимателно олабавување на заштитните мерки, нешто што секако ја зголемува одговорноста на сите нас, на државата, на владата, на локалната самоуправа, но и на сите луѓе во туризмот,“ рече Мицотакис.

Тој додаде дека првата жртва на вирусот е туризмот и истакна дека сите се свесни за суровата реалност дека „голем дел од годинешниот туристички бран е изгубен“.

Грчкиот премиер се осврна и на тестирањата што по случаен избор се вршат на аеродромите во Солун и Атина, велејќи дека во изминатите денови, позитивни на Ковид-19 биле околу еден од 1.000 патници, а сите откриени случаи биле асимптоматски.

„Овој тренд во последните денови се намалува. Ова нè прави да се чувствуваме побезбедно, бидејќи како што ќе ги отвориме нашите граници за посетителите од Европа, ќе се намалува силината на епидемијата во земјите од кои ќе дојдат првите групи посетители и многу многу мал процент на луѓе позитивни на коронавирусот ќе дојдат во нашата земја“, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер потсети дека како за транспортот, така и за хотелите, постојат посебни здравствени протоколи, како и хотели наменети за карантин за евентуалните позитивни случаи.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски