Грција ќе го лансира сателитот Hellas Sat 4

Од:

Од европската вселенска станица во Куру, Француска Гвајана, утре, во 23.01 часот по грчко време, во носечката ракета Ариана 5, ќе биде лансиран сателитот Hellas Sat 4 што ќе ги користи грчката и кипарската орбита, јави дописничката на МИА од Атина.

Сателитот Hellas Sat 4 ќе обезбеди иновативни сателитски услуги, а според генералниот секретар за телекомуникации на Грција, Василис Магларас лансирањето е од особена важност, а со тоа „земјата ќе ги искористи целосно своите права на 39 степени на исток што е орбиталната позиција на Грција“.

-Лансирањето е од особена важност и треба да ги разгледаме сите можности што ни ги дава вселената. Сателитите се користат најчесто за национална одбрана, за јавна безбедност на војската, на полицијата, на безбедносните тела и за телкомуникациите на земјата, вели Магларас за радиото „Практорио фм“ на грчката новинска агенција.

Тој објаснува дека Hellas Sat 4, е еден од најголемите и најсовремени сателити.

Новиот сателит на Hellas Sat, што е прв од ваков вид во светот, паралелно ќе биде и хибриден сателит. Hellas Sat 3 од 2017 година веќе е во вселената.

-Станува збор за сателит кој ќе биде хемиски додека да се постави во орбитата, а потоа ќе биде базиран на електричен погон. Овие нови софистицирани технологии ќе му овозможат на сателитот да биде повеќе во вселената, објаснува за грчката новинска агенција АНА-МПА, извршниот директор на„ Hellas Sat“, Кендеас Карандонис.

На сателитот ќе бидат поставени грчкото и кипарското знаменце, на лансирањето ќе присуствуваат претставници на владите на Кипар и на Грција, а лансирањето ќе го пренесуваат во живот грчката државна телевизија ЕРТ и кипарската телевизија Капитал.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски