Грција го затвори граничниот премин со Турција кај Еврос

Од:

Поради насобраните бегалци и мигранти на турска страна со намера да влезат на грчка територија, Грција претпладнево го затвори граничниот премин „Кастањес” со Турција кај Еврос, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, затворена е царинската служба и не се пропуштаат граѓани, а грчката страна уште од рано утрово е под силно полициско обезбедување.

Грчките медиуми пишуваат дека ситуацијата е мирна на граничниот премин е мирна.

Претходно, извор од турската Влада изјави дека Турција веќе нема да ги задржува бегалците кои сакаат од Турција да одат во земјите од ЕУ. Се проценува дека во Турција има околу четири милиони бегалци од војната во Сирија

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе