Грција го призна Хуан Гуаидо за времен претседател на Венецуела

Од:

Владата на Грција, согласно заедничката позиција на ЕУ, одлучи да го признае Хуан Гуаидо за времен претседател на Венецуела кој треба да распише слободни, фер и демократски избори, соопштуваат од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција велат дека грчката Влада ги поддржува напорите на ЕУ, особено во рамки на Меѓународната контакт група за кон и преку специјалниот претставник Енрике Иглесиас за „постигнување мирно, политичко и демократско решение на кризата како резултат на преговорите во корист на народот на Венецуела”.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди