Грција е клучен сојузник и стратешки фактор за безбедноста во југоисточниот дел на Медитеранот и во борбата против тероризмот, изјави американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајет во интервју за грчкиот јавен сервис ЕРТ.
Дипломатот се заложува за останување на НАТО во Медитеранот до воспоставување мир во Сирија.
Џефри Пајет коментира дека базата во Суда на островот Крит „игра централна улога и е важна за американските военопоморски сили, која се наоѓа по линија на нивните операции во регинот на југоисточниот Медитеран“.
Амбасадорот на САД изрази надеж дека соработката меѓу Грција и САД ќе продолжи и натаму на начин, кој ќе доведе до зголемување на безбедноста на двете држави.