Грција: Два земјотреси во 90 минути

Од:

Два земјотреси во интервал од 90 минути се регистрирани во Егејското Море во близина на островите Крит и Милос, соопштија денеска грчките сеизмолози.

Повредени нема, а не е причинета ниту материјална штета.

Првиот земјотрес со интензитет од 5.6 степени според Рихтер се случил во 6:30 минути по локално време јужно од Крит. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Вториот земјотрес со интензитет од 4.2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во осум часот по локално време на јужната страна на островот Милос, кој се наоѓа во групацијата на Кикладите.

Сеизмолошките активности во Грција се многу почести во однос на другите земји во Европа.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико