Грција: Бебе од 37 дена стана најмладата жртва на Ковид-19

Од:

Бебе старо само 37 дена стана најмладата жртва од Ковид-19 во Грција од почетокот на пандемијата, откако 17 дена се бореше за живот, приклучено на апарати на интензивна нега на детска клиника.

Од атинската детска болница соопштуваат дека машкото бебе, 16 дена по раѓањето, со ринитис и температура било хоспитализирано на одделот за заразни болести.

По направениот ПЦР тест, било потврдено дека е заразено со коронавирусот, а шест дена подоцна префрлено на Одделот за интензивна нега и приклучено на апарати, каде што му се влошила состојбата и го загуби животот.

Сочувство и жалење за загубениот живот, преку социјалните мрежи изразија грчкиот премиер и министерот за здравство.

-За жал денеска ја имавме најмладата жртва од пандемијата во нашата земја. Бебе кое 17 од неговите 37 дена, помина борејќи се со коронавирусот. Вирусот не прави разлика, но денес тагата е неподнослива. Изразувам најискрено сочувство до неговото семејство, напиша Мицотакис.

На случајот со бебето заразено со Ковид-19 се осврна министерот за здравство на Грција на пред десетина дена на една од редовните прес конференции за ситуацијата со пандемијата во земјата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски