Грчко МНР: Турција да запре со провокациите на Кипар и да се усогласи со меѓународното право

Од:

Турција мора веднаш да го запре нејзиното провокативно однесување и да се усогласи со меѓународното право, повикуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во соопштението по повод 47-годишнината од турската инвазија на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР потенцираат дека Грција, „во целосна координација со Република Кипар, работи на праведно и одржливо решение на кипарското прашање“, решение што ќе се заснова на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и европското законодавство, односно обединет Кипар во рамките на една федерација со две заедници и две зони.

Додаваат дека не се согласуваат и целосно ги отфрлаат напорите на Турција и раководство на турско- кипарската заедницата за промена на конкретната перспектива.

-Продолжувањето на незаконските активности, како и новите соопштенија од турска страна ги кршат соодветните одлуки на Советот за безбедност, целосно се во спротивност со заклучоците на Европскиот совет, како и со повиците на меѓународната заедница. Тие се за осуда и не треба да останат неодговорени. Турција мора веднаш да запре со провокативното однесување и прекршувањата и да се усогласи со меѓународното право, соопштуваат од грчкото МНР.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Силен земјотрес во Турција, кај Анталија се тресеше со јачина од 4,8 степени

Катерина Ѓуровски

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

Силен земјотрес ја погоди Турција

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди