Грчко МНР: Должност на сите нас е да го овековечиме сеќавањето на жртвите од Холокаустот

Од:

Сеќавањето на трагичните настани ќе остане неизбришливo и живo, а наша должност е да го овековечиме и да се бориме против расизмот и антисемитизмот, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот и велат дека денешниот ден, исто така е ден на одговорност и обврска „да се бориме против обидот за намерната деградација, дури и негирање, на најтемната страница на модерната европска историја“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Заедно со милиони други Евреи, грчките Евреи и израелските заедници од Грција беа жртви на невидено ѕверство, кое што донесе речиси целосно нивно истребување. Сеќавањето на овие трагични настани ќе остане неизбришливо и живо. Должност на сите нас е да го овековечиме, за да биде бариера кон секаков облик на антисемитизам, расизам и нетолеранција, но и пример за избегнување за новите генерации, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Од грчкото МНР велат дека земјата од 2005 е полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот и согласно Декларацијата од Стокхолм ја презема одговорноста да го задржи колективното сеќавање за загубените животи.

-Преземањето на Грција на Претседателството на Меѓународната алијанса во 2021 е практично признавање на нејзината улога во борбата со антисемитизмот и заштитата на историската вистина. Грција ќе продолжи да се бори против расизмот, нетолеранцијата, поделбата, заплашувањето, ксенофобијата. Ќе продолжи да го почитува и штити споменот на оние кои ги загубија животите и се обврзува дека ќе работи непрекинато за никогаш да не се заборават оние кои ги дадоа нивните животи и човештвото никогаш повеќе да не живее такви злосторства, соопштуваат од грчкото МНР.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас на неговиот „Твитер“ профил напиша дека „не треба никогаш да го заборавиме едно од најголемите масовни злосторства во историјата на човештвото од нацистите“. Додаде дека не треба да се заборават ни и милионите жртви, меѓу кои и десетици илјади грчки Евреи.

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, денеска ќе присуствува на настаните за одбележување на 75 годишнината од ослободувањето на Аушвиц.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски