Грчките новинари ќе штрајкуваат уште 24 часа

Од:

Штрајкот на вработените во грчките национални и локални телевизии, во државната телевизија, радиото и интернет страницата на ЕРТ, во државната новинска агенција АНА-МПА, како и во Генералниот секретаријат за медиуми, што требаше да заврши попладнево е продолжен за уште 24 часа, а причината е новиот предлог закон на Владата.

Од здруженијата на новинари и вработени во медиумите велат дека „во време на пандемија и пред Божиќ, ненадејно и со експресни процедури, ставен е на консултации предлог законот од надлежниот министер Стелиос Пецас што вклучува одредби кои се закана за работните односи и права и носи намалување на работните места и масовни отпуштања“.

Бараат веднаш да се повлечат конкретните одредби од законот и Владата да започне дијалог со инволвираните страни.

Од вчера попладне, во Грција не се емитуваат вести на телевизиите, ниту пак информативни емисии, новинската агенција АНА-МПА не објавува и не дистрибуира вести, а единствено исклучок е информирањето за ситуацијата со Ковид-19 во земјата.

Штрајкот почна вчера во 18 часот и е продолжен до утре попладне.

Координативната комисија на вработените во медиумите, за нивните барања на одвоени средби ги информираше лидерите на политичките партии.

Би можело да ве интересира

Почина Фофи Генимата, претседателката на грчката партија Движење на промена

Ана Ололовска

Во Грција пристигнаа 367 Авганистанци, голем дел од нив се судии

Ана Ололовска

Мерката пар-непар одново се воведува во центарот на Атина за да се намали сообраќајниот метеж

Ана Ололовска

Стилијанидис: Во невремето во Атина ќе имавме и до 300 загинати, ако се потврдеа прогнозите и ако не преземевме мерки

Ана Ололовска

Спортските натпревари во Грција со зголемен број гледачи

Ана Ололовска

Јоргос Папандреу се кандидира за претседател на Движењето на промена

А1он