Грчкиот премиер направи мали промени во Владата

Од:

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска направил функционални подобрувања во министерствата за финансии, за развој, за труд, за здравство и животна средина, според владиниот портпарол Стелиос Пецас, кој ги соопшти промените во Владата.

Во мини-реконструкцијата направени се неколку мали промени, односно двајца заменици-министри станаа алтернативни министри, поставени се тројца нови заменици министри и седум нови генерални и специјални секретари во неколку министерства.

Пецас рече дека Мицотакис го дополнува владиниот состав кој „останува стабилен и во однос на бројот и во однос на реформаторската политика“.

Заменик министерот за финансии Теодорос Скилакакис сега е алтернативен министер за финансии надлежен за фискална политика, а алтернативен министер за развој и инвестиции стана досегашниот заменик министер Никос Папатанасис.

Нови заменици министри се поставени во министерствата за труд и социјални прашања, за здравство и за животна средина и енергија.

Портпаролот на грчката Влада соопштувајќи ги промените рече дека целта е ефективно управување со зголемените ресурси, поддршка на вработените и осигурителниот системот, организациско зајакнување на Министерството за здравство, заштита на животната средина и справување со предизвиците од климатските промени.

– Киријакос Мицотакис одбира лица од Парламентот и општеството, од различни возрасти и искуства. Водечки критериум е способноста и подготвеност да понудат, независно од идеолошките позадини. Пред предизвиците со кои што се соочуваме, веќе успешната Влада добива функционални подобрувања од премиерот за уште поефикасно, да ги исполни очекувањата на граѓаните, рече Пецас.

Новите членови на Владата утре ќе положат свечена заклетва во претседателската палата.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен