Грчкиот Парламент го изгласа амандманот за фудбалските клубови

Од:

Со 156 гласа „за” и 90 „против” грчкиот Парламент го изгласа амандманот донесесн синоќа од владата за избегнување на строги санкции за фудбалските клубови и исфрлање во пониска лига во случај на исто сопственштво, јави дописничката на МИА од Атина.

Амандманот беше изгласан со два гласа помалку од владиното мнозинство од 158 пратеници, а според грчките медиуми, двајцата од отсутните пратеници се во странство, а меѓу нив е и Андонис Самарас.

Одземање пет до 10 бодови во тековното или следното првенство, наместо исфрлање во пониска лига во случај повеќе клубови да имаат ист сопственик, предвидува амандманот на владата што доцна синоќа беше донесен во Парламентот, по реакциите во Грција и предлогот на Комисијата за професионален спорт, фудбалските тимови ПАОК и Ксанти од првата да преминат во втората грчка фудбалска лига.

Весникот „Катимерини”, во текстот под наслов „Владата во улога на судија”, денеска пишува дека амандманот бил донесен за да се избегне ситуација што би можела да излезе од контрола.

-Стравувајќи дека реакциите во северна Грција може да создадат клима на поделба на Грција на север и југ, владата вчера соопшти доставување на амандман за да не испаднат од првата лига ПАОК и Ксанти, што во суштина е отстапка во ова прашање, пишува весникот.

Комисијата за професионален спорт, вчера предложи фудбалските тимови ПАОК и Ксанти од првата да преминат во втората грчка фудбалска лига, поради кршење на правилата на грчката Супер лига, под обвинение дека имаат заедничка сопственост, односно дека рускиот бизнисмен Иван Савидис е сопственик и на двата клубови.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди