Грчки синдикати: Нема да и дозволиме на Владата да го повредува грчкиот народ

Од:

Грчки синдикати: Нема да и дозволиме на Владата да го повредува грчкиот народ

Грчкиот парламент синоќа со тесно мнозинство го изгласа законот за приватизација на јавните компании.

Синдикати се заканија со нови протести.

Двата најголеми грчки синдикати – на јавниот и приватниот сектор за 6-ти и 7-ми ноември закажаа 48-часовен штрајк. Штрајкот се организира во знак на протест против мерките за штедење кои наредната недела ќе влезат во Парламентот за изгласување и стапување во сила.

„Ќе штрајкуваме за да спречиме гласање за мерките во Парламентот. Нема да и дозволиме на Владата повеќе да го повредува грчкиот народ“, изјави генералниот секретар на синдикатот на јавниот сектор, Илиас Илиопулос.

Синоќа не помина предлог-законот со кој Владата предвидуваше да спои неколку фондови за здравствено осигурување. 30 пратеници на владејачката коалиција не го поддржаа законот со кој се отвора можност за приватизација на јавни добра како  водоводите во Солун и Атина.

Би можело да ве интересира

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен