Грчки пратеници-лекари се нудат да помогнат во борбата со Ковид-19

Од:

По двајцата пратеници, еден од Комунистичката партија и еден од Нова демократија, сега и десет пратеници од СИРИЗА, лекари по професија, изразуваат подготвеност да се вратат во болниците, да го помогнат здравствениот систем и волонтерски да се вклучат во битката со пандемијата.

Секретарката на пратеничката група на СИРИЗА, Олга Геровасили, која и самата е лекар, преку писмо, денеска го информираше министерот за здравство на Грција дека сите пратеници што се лекари „со целосно чувство на одговорност кон грчкиот народ и поради потребата на здравствениот систем, стојат на располагање да го поддржат здравствениот систем“.

Меѓу пратениците од СИРИЗА има кардиолог, микробиолог, дерматолог, гинеколог, хирург – специјалист за интензивна нега, педијатар.

Иницијативата за замена на пратеничкиот костумот со бел мантил ја покрена вчера Јоргос Лабрулис, пратеникот од Комунистичката партија, кој е и еден од шесттемина потпретседатели на грчкиот Парламент и кој преку писмо до првиот спикер, побара привремено да биде ослободен од должностите.

По него следеше еден пратеник од Нова демократија, додека пак во текот на денешниот ден, освен членовите на СИРИЗА, се понудија уште двајца пратеници од владејачката партија и една пратеничка од опозициската Грчко решение.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски