Грчката влада положи заклетва

Од:

Грчката влада што треба да ги спроведе изборите на 17-ти јуни изутринава положи заклетва пред атинскиот Архиепископ Јеронимус.  Новата влада која ја предводи премиерот Панајотис Пикраменос ја сочинуваат 16 министри, но во неа не е предвидена функцијата заменик министер.

Новата влада ја сочинуваат поранешни министри, дипломати и универзитетски професори.

По веста за новите избори Брисел веднаш реагираше со предупредување.

„Грчкиот народ на новите избори ќе биде одговорен за судбината на својата земја и мора да биде свесен за последиците од гласањето“, додаде претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.

Германската канцеларка Ангела Меркел, на Грците им порача дека ќе мора да се жртвуваат и да ги поднесат мерките на штедење ако сакаат да останат во еврозоната.

Би можело да ве интересира

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција